(ВИДЕО) Заев: Наместо правен, судијката води политички процес, судството е клекнато на колена

Од:

Ова е клекнато на колена, комплетно уништено судство. Денеска претседателот на Судскиот совет и Судскиот совет покажаа дека немаат намера да водат правен процес, туку водат политички процес, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по одложувањето на рочиштето за „Пуч“.

– Суштината на одлагањето се состои во неколку моменти, тоа е една целокупна стратегија на бандитската власт која има намера да го држи во живот процесот кој е врзан со најсуштествената тема во Македонија, тоа е кој и како го правел прислушувањето во Македонија. Зошто сега се купува време да обезбедат безбедносни сертификати? Зошто и денеска не е повикан единствениот сведок, Никола Груевски? Ова македонско судство мора да биде променето, судството и правниот систем воопшто не постојат, истакна Заев.

На 11 декември овој срам за Македонија конечно завршува. Смислата на преговарањето беше да се отвори овој важен моментум, рече лидерот на СДСМ.

Рече, сакал да ја праша судијката Љубинка Башеска дали е свесна дека наместо правен, води политички процес, но кога Заев побара збор, Башеска ја напушти судницата.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он