(ВИДЕО) Заев: Со ДУИ и Алијансата сме блиску до договор, со БЕСА немаме разговарано за имиња

Од:

Мандаторот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во изјава за Ал Џезеира Балканс рече дека се блиску до договор со ДУИ и Алијансата за Албанците, а со Движењето БЕСА се уште немаат разговарано за имиња.

– Со БЕСА немаме уште разговарано за имиња, само за ресори. Ќе ги продолжам разговорите веднаш чим се вратам во Скопје, наша конечна цел е до крајот на оваа недела владиниот кабинет и програма да бидат доставени до Собранието, јас верувам дека до среда Македонија ќе има нова Влада, рече Заев.

Тој кажа дека во полицијата има поголем број професионалци и дека се малку оние кои поради партиски наредби напаѓале пратеници за време на крвавиот четврток.

– Еден од принципите за враќање на правната држава е дека партиите мора да бидат пример дека законите важат за сите, тоа значи дека за сите политичари законот мора да биде ист. Независно правосудство, преку независни судии ќе се докаже вина или ќе се утврди невиност, ако има независно судство граѓаните ќе веруваат дека има правна држава, истакна Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски