(ВИДЕО) Заев: Шиповиќ да се брани од слобода

Од:

Пред утрешното доаѓање на Мирослав Шиповиќ од САД, лидерот на опозицијата Зоран Заев бара мерката притвор да биде укината, или во спротивно Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сносат целата одговорност за понатамошниот развој на настаните.

Претседателот на СДСМ повтори дека ќе се стави во мирување учеството во Комисјата за 24 декември, во активностите на ЗЕЛС, и дека советниците на СДСМ нема да учествуваат на првата седница во сите општини. Според него ова се само први чекори кои треба да го предупредат Никола Груевска кај него да проработи разумот.

Акцијата за апсење на Шиповиќ и членови на неговото семејство за Заев се само инструмент преку кој власта сака да ја закочи работата на советот во Центар.

Власта не сакала криминалното гнездо созадено во Центар да биде разаоткриено и да се објават документите за најголемиот грабеж на народни пари во историјата на Македонија, изјави Заев.

Заев потенцираше дека СДСМ не бара амнестија за Шиповиќ, туку укинивање на притворот, а со тоа власта ќе покажела дека целта на истрагата е финансиски криминал, а не блокада на работата на Општина Центар.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар