(ВИДЕО) Заев: СДСМ е посветена на изградба на капитални и вредни проекти за сегашните и идните генерации

Од:

СДСМ е посветена на изградба на крупни капитални проекти што ќе донесат долгорочни позитивни ефекти за подобар живот на сегашните и идните генерации, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев, при посетата на локацијата каде гради брана Речани како дел од хидросистемот „Оризарска река“.

Според Заев, има значителен напредок во изградбата на браната, која, потенцираше, е инфраструктурен проект од големо значење за кочанскиот регион особено за плодното кочанско поле.

Браната, наведе Заев, годишно ќе собира 22 милиони метри кубни вода што е еквивалент за 80 илјади жители и ќе придонесе за навремено и квалитетно снабдување со вода на третина од земјоделските површини во кочанско, а преку две мали хидроцентрали ќе се произведува и електрична енергија. Вредноста на инвестицијата е 30 милиони евра.

– Идејата за оваа огромна брана датира од 60-те години на минатиот век. Патот го изгради Министерството за земјоделство, а висината на браната ќе биде над 80 метри. Покажавме на дело дека и во вонредни услови со целосно почитување на препораките за заштита продолжуваат интензивно градежните работи за изградба на значајни инфраструктурни проекти. Низ целата држава забрзано се градат крупни капитални проекти од витално значење за граѓаните и државата, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати