(ВИДЕО) Заев: Решивме четири историски личности, ќе најдеме решение и за Гоце Делчев

Од:

„Решивме веќе четири историски личности што заедно ги чествуваме. Исто мислам дека ќе најдеме решение и за Гоце Делчев. Ние му оддаваме почит на Делчев преку заедничкото разбирање. Убеден сум дека делата на Делчев може само да нè поврзуваат. Ќе градиме пријателство и добрососедство бидејќи тоа им го должиме на сите идни генерации“, рече премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

„По повод од двегодишнината од потпишувањето на договорот со Република Бугарија, ние разговараме за соработка. В година јас и мојот пријател и колега Борисов заеднички ќе ги пречекаме сите премиери од берлинскиот процес. Ефектите за поврзувањето се за сите граѓани од нашите две земји. Бизнисите го зајакнуваат нашето пријателство. Од бугарските компании влезени се 30,5 милиони евра по потпишување на договорот“, кажа Заев.

Премиерот рече дека Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов се дел од поврзувањето на Северна Македонија и Бугарија и дека се радува на иницијативите што се поткрепени со културни творештва.

„Поттикнати од минатото и иднината ние покажавме дека нашите спорови може да ги решаваме без посредници. Во месеците што се пред нас продолжуваме посветено и без предрасуди ќе ги решаваме“, додаде Заев.

Двајцата премиери, по заедничката прес-конференција, ќе заминат во црквата „Св. Спас“, каде што ќе се поклонат и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Бугарскиот премиер во Скопје ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.

Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран, каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

СДСМ: Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николовски?

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени