(ВИДЕО) Заев: Повикувам на зрелост, насилството не е решение

Од:

„Република Македонија беше пример во регионот за демократска земја. Сите гледаме во што е претворена државата последниве години.

Но, дозволете во име на Социјалдемократскиот сојуз, остро да ги осудам насилствата што во никој случај не се дозволиви за една цивилизирана земја, каква што, мнозинството граѓани, посакуваат да биде Република Македонија.

Насилството не е решение за ниту еден проблем. Ја оддалечува дополнително Македонија од европските и светски вредности и нашите заеднички цели за евро-атлантски перспективи“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Затоа, повикувам на максимална, индивидуална и колективна одговорност како народ, за да се спречат поголеми штети од ова што веќе и се случува на земјава!

Не постои изговор што може да ги амнестира коалициските партнери Никола Груевски и Али Ахмети за состојбите во државава.

Тие двајца се подеднакво одговорни за урнисаните и партизирани институции во Македонија. Самиот Ахмети, коалициски партнер во власта на Груевски изрази недоверба во институциите на системот.

Сепак, како граѓани на оваа земја, секој од нас има обврска да дејствува во насока на смирување на ситуацијата.

Наша обврска е дотолку поголема, што имаме работа со неодговорна власт.

Затоа, да не потпаѓаме под провокации. Да се воздржиме од насилство и да покажеме што значи зрелост“, изјави Зоран Заев.

 

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски