(ВИДЕО) Заев по средбата со Тачи: Немаме отворени прашања, отвораме ново значајно поглавје во нашата соработка

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од владина делегација во состав Крешник Бектеши, министер за економија, Горан Сугарески, министер за транспорт, Роберт Алаѓозовски, министер за култура, и Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора, во рамките на официјалната посета на Република Косово, денеска оствари средба со претседателот на оваа наша соседна земја Хашим Тачи.

На средбата на двете делегации беше истакнато дека Република Македонија и Република Косово со оваа посета отвораат ново, значајно, поглавје во досегашната соработка.

Премиерот Заев и Претседателот Тачи, по средбата одржаа заедничка прес конференција, на која Претседателот на Владата на Република Македонија истакна:

Сакам на почетокот на ова наше заедничко обраќање пред вас, заедно со Претседателот на Република Косово, да нагласам дека остваривме средба како лидери на две држави што немаат отворени прашања.

Добивме силно охрабрување од Претседателот Тачи да го реализираме тоа што го договоривме со премиерот Харадинај – Да отвориме нови можности за натамошно унапредување и продлабочување на нашите меѓусебни односи.

Заедно ги слушнавме бизнисмените на двете земји. Со нивните сугестии се отвораат можности за нови работни места, што е особено значајно за младите.

Ќе ги вложиме сите капацитети да го олесниме бизнисот со редуцирање на граничните и царинските процедури.

Во однос на нашите заеднички евро-атлантски аспирации, констатиравме дека за време на претседавањето на Австрија на Бугарија со Советот на ЕУ, се отвораат добри перспективи за овие наши стратешки цели.

Заеднички ќе се охрабруваме и помагаме во тој процес во однос на нашите отворени прашања – Република Македонија со Грција, и Република Косово со Црна Гора.

Се согласивме заеднички да упатиме порака до граѓаните на двете земји, во Република Македонија и во Република Косово, и тие да продолжат да го негуваат и продлабочуваат пријателството меѓу двете земји, истакна премиерот Заев на средбата со Претседателот на Република Косово Хашим Тачи со што заврши официјалната посета на оваа соседна земја на Македонија.

Би можело да ве интересира

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Катерина Ѓуровски