(ВИДЕО) Заев-Палмер: Членството на Македонија во ЕУ и НАТО ќе биде добро за целиот регион

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, за време на дводневната работна посета на Велика Британија, оствари средба со в.д. заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер.

Премиерот Заев на средбата се заблагодари за долгорочната и континуирана поддршка од САД за развојот на демократијата во Република Македонија, како и за поддршката за Евро-Атлантските интеграции.

Претседателот на Владата на РМ истакна дека САД се наш стратешки партнер, и дека асистенцијата на американската администрација спроведувањето на домашните реформи, е од исклучително значење.

Владата е посветена на планот на домашни реформи, градење на едно општество, решавање на проблемите со соседите, како и градење на доброседска политика и развој на регионалната соработка, информираше премиерот Заев.

Во разговорот со в.д. заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер истакна дека Република Македонија како и досега, останува докажан партнер на САД со своето учество во мисиите на НАТО.

„Наши цели се членство во ЕУ и НАТО, нема друга алтернатива – бидејќи тоа значи стабилност и економски напредок за Република Македонија и за подобрување на стандардот на граѓаните“, рече премиерот Заев на средбата.

В.д. заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер ги поздрави напорите на новата влада за демократски реформи. Тој го поддржа процесот на ЕУ и НАТО интеграции, и истакна дека САД остануваат партнер и поддржувач на Република Македонија.

САД ќе продолжат со поддршката бидејќи таа ги помага одржување на стабилноста и безбедноста, како и отворањето на нови перспективи за напредок. Владата заслужува честитки и за надминување на отворените прашања со соседите. Членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО ќе биде добро за целиот регион, како и од огромна корист за сите граѓани на РМ, рече меѓу другото в.д. заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер на средбата со премиерот Заев во Лондон.

Би можело да ве интересира

Индија не престана да увезува нафта од Русија: „Го правиме тоа легално“

Реакција од Русија по објавата на Трамп: Имаме многу повеќе подморници во светските води

Предраг Петровиќ

Во ЕУ нови правила за Chat GPT, Grok, Gemini

Предраг Петровиќ

Реакција на Швајцарија после воведените царини од САД: Ова е полошо од најлошото сценарио

Руските медиуми и каналите на Телеграм пишуваат дека Русите заробиле офицери на НАТО

Иран: САД да ја надомести штетата од нападите врз иранските нуклеарни постројки