(ВИДЕО) Заев: Оставките на членовите на ДИК се морален чин

Од:

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев денеска коментирајќи ги оставките на дел од членовите на Државната изборна комисија кажа дека тоа е морален чин.

– Се работи за исклучителни професионалци кои што имаа сериозна улога во едно сериозно време и ја завршија професионално. Одлуката која што ја донесоа знам дека е законска, но веројатно не е морална, не е етичка. Поради тоа јас денес го поздравувам чинот кој што го направија сите, а тоа е да ги вратат назад парите во Буџетот. Истовремено, поднесоа и лична одговорност како морален чекор, веројатно поради критиките на јавноста, и поради тоа пред кое што беа исправени, рече Заев на прашање дали бил информиран од ДИК за поделените бонуси.

Тој додаде дека членовите на ДИК биле професионалци за кои ќе води грижа и понатаму.

– Тие испратија порака на морално и етичко однесување кога јавноста знае да реагира, веројатно поради нетранспарентноста на одлуката која што ја донесоа, и веројатно поради тоа што не ја информираа јавноста за намерата која што ја постигнаа преку искористувањето на тој член 19, кој што им овозможува дополнителни надоместоци.

Инаку, на настанот, на кој свое обраќање имаа и амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли, и координаторката на Мисијата на Обединетите нации во Република Македонија, Луиза Витон, беше потпишана и декларација за борба против корупција.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања