(ВИДЕО) Заев од Виена: Уште од самостојноста, Република Австрија е силен поддржувач на нашата земја

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера беше во работна посета на Република Австрија. Во рамки на посетата Заев се сретна и со австрискиот канцелар Себастијан Курц, а беше и негов почесен гостин на Виенскиот Бал.

„Имам посебна чест да бидам присутен во Виена на покана на Канцеларот на Република Австрија, господинот Себастијан Курц и да бидам негов специјален гостин по повод одржувањето на познатиот Виенски опера бал, кадешто ќе имаме прекрасна можност да запознаеме важни луѓе од целиот свет кои се гости на познатиот бал.

Искористивме прилика да се видиме со Канцеларот Курц, кој важи за голем пријател на целиот Балкан, но и нашата Република Северна Македонија и кој ја поддржува интеграцијата на државата и во Европската Унија па дури и во НАТО иако Австрија не е земја членка на НАТО. Но, целиот овој период, од самостојноста на Северна Македонија, Австрија важи за една од нашите најголеми поддржувачи.

Секако, поддршките што последниве години доаѓаа се важни, од поддршката за Преспанскиот договор до реформите дома и сега за она што се случува во делот на економијата бидејќи на еден начин поврзани сме со компании од Австрија. Искористивме прилика да разговараме и за економска соработка зошто за нас сега тоа е многу значајно.

Веќе добивме една конкретна понуда којашто дома ќе ја разгледаме, за австриска компанија и нејзин влез во инвестициите на Клиничкиот центар, преку евтино финансирање од страна на Австрија, со дополнителен грант, којшто ќе ги намали севкупните трошоци за инвестирање во самиот Клинички центар.

Деталите ќе ги добиеме на писмено и дома ќе ги разгледаме за да може да се исконсултираме со опозицијата, со стручните луѓе, со експертите. Верувам дека тоа ќе даде можност за брза постапка за самата реализација на Клиничкиот центар.

Разговаравме за Чебрен и Галиште, и за можности да се спојат големи енергетски компании од Австрија како потенцијални партнери во изведбата на овој грандиозен проект којшто е проектиран на околу 800 милиони евра.

Разговаравме за соработка за нови странски инвестиции коишто би дошле директно од Австрија, но и за компании коишто се со мешовит, австријски и друг, капитал, за да може да инвестираат во нашата земја.

Но разговаравме и за целата оваа поддршка којашто треба да се случи во периодот пред јуни, за нашето добивање датум за преговори, отпочнувањето на преговорите за поглавјата со Европската Унија“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Курц е осуден за давање лажни изјави

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Курц лажно сведочел во аферата „Ибица“, му се заканува затворска казна

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов