(ВИДЕО) Заев од Битола: Гласот за СДСМ е глас за сигурност, а гласот за ВМРО-ДПМНЕ е опасност од нов режим

Од:

На 15 јули гласот за СДСМ и Коалицијата е глас за сигурност, а гласот за ВМРО-ДПМЕ е глас за враќање назад, опасност од нов режим, истакна Зоран Заев, носител ка кандидатската листа во ИЕ4, попладнево на средба со младите социјалдемократи во Битола.

Заев побара поддршка за нов, чист мандат за, како што рече, да ги продолжиме добрите политики, за да одиме напред уште подобро, да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за нашата татковина.

– Пред нас, во среда се важни избори. Избори на кои секој од нас треба да каже во кој правец ќе се движи нашата држава. Понудените опции се видоа во двете целосно спротивставени кампањи. Ние понудивме оптимизам, јасен коцепт, надеж, шанса и иднина. Покажавме дека можеме тоа да го правиме уште подобро и посилно. Од друга страна имаше кампања со мрак, црнила, омраза, недоличен хумор врз грбот на сопствениот народ. Тоа е разликата. Во среда, на 15 јули да гласаме за да продолжиме кон развој, кон интеграција, кон економски раст и повеќе пари за сите и конечно кон правда. Тоа е вистинскиот пат, а се друго е ќор сокак и неизвесност. Гласајте за најсигурната опција, порача Заев.

Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа во ИЕ 5 потсети дека во изминатите 2,5 години владата што ја предводеше Зоран Заев и СДСМ е влада врз чии плеќи паднаа децениски наталожените проблеми.

– Нашата влада не беше без грешки, но беше одлучна да ја извади државата на прав пат и во тоа успеавме. Мораше одновно да се изградат сите демократски, но и сите дипломатски позиции, да престанеме да бидеме изолирана држава и да разговараме со сите како рамноправни. Од држава на која постојано и предвидуваа мрачна иднина денес ние сме дел од најмоќната Алијанса на планетава. Седиме на иста маса, еднакви со сите оние кои ја креирале и ја креираат светската политика. Три години не беа доволни за да се искоренат злоупотребите и уцените кои претходниците ги втемелија во секоја пора од општеството, особено во судството, но донесовме правичност и сега на ред е правната држава. Го сочувавме и добивме меѓународна потврда за нашиот идентитет и на македонскиот јазик, на нашата традиција и на нашата култура, денес неможе никој да го спори македонскиот јазик, ниту македонскиот идентитет. Ја вративме слободата и сега никој повеќе не е ниту наведнат, ниту замолчен, истакна Шекеринска.

Според неа, изборната кампања беше надвор од стандардите, кампања во која се користеја современи алатки на нови технологии, кампања во која конкретно и видливо, рече таа, покажавме дека здравјето на граѓаните е поважно од нашите интереси.

– На гласачкиот пулт сте сами, безбедни и сигурни затоа што за вашето здравје постојано водевме сметка. Размислете за својата иднина, размислете за изборот. Размислете длабоко и прашајте се каде сакате да ја видите нашата татковина во следните 4 години. Дали повторно во мрачното минато, или во иднина која сакаме да биде подобра, попросперитетна. Дали ќе им ја дадете довербата на тие што создаваа проблеми или нам кои ги решававме тие проблеми. Размислете каква иднина сакате за нашата држава, каде сакате да се развивате, каде сакате да растат вашите деца, каде сакате да дочекате старост. Заедно можеме подобро и повеќе, затоа на 15 јули гласајте забројот 3 за да ја обезбедиме нашата сигурност и нашата иднина, порача Шекеринска.

Коалицијата „Можеме“ изборната кампања за предвремените парламентарни избори ја завршува вечер со граѓанска трибина, која ќе се одржи во арехолошкиот локалитет Хераклеа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски