(ВИДЕО) Заев – Нимиц: Сега е време да се реши спорот кој трае четврт век

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска го прими Специјалниот претставник на ОН во разговорите за уставното име на нашата земја со Република Грција, Метју Нимиц.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата медијаторот Нимиц ги образложил своите идеи и размислувања за текот на процесот на разговорите, а Заев ги претставил идеите и ставовите на македонската влада, како и размислувањата кои произлегле од координативниот состанок на државно-политичкиот врв на Република Македонија, одржан минатата недела.

Воедно било истакнато и дека на идните разговори за решавање на ова прашање лидерските места на преговарачките тимови ги преземаат министрите за надворешни работи на двете земји.

На средбата во кабинетот на премиерот било нагласено дека во оваа фаза од разговорите е создаден позитивен момент, и дека двете земји покажуваат дека се посветени на натамошно градење на довербата.

Во разговорот биле издвоени и придобивките од средбата на премиерите Заев и Ципрас во Давос, кога од двете страни беше изразена политичка и добра волја за првите практични чекори како што беше најавеното преименување на автопатот, додека од страна премиерот на Република Грција беше најавено одблокирањето на втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација и можноста и Република Македонија да стане член на Јадранско-јонската иницијатива.

Соговорниците изразиле согласност дека сега е време за решавање на ова прашање за кое се водат дискусии веќе 25 години и дека е неопходен прагматичен пристап и решение за да се постават основи за долгорочни и стабилни билатерални односи.

Премиерот Заев и медијаторот Нимиц се согласиле дека и понатаму треба да продолжи атмосферата на добра волја и на дијалог во процесот, на што повикуваат од НАТО и од ЕУ и дека тоа е начинот да се стигне до компромис и до взаемно прифатливо решение кое ќе го почитува националниот идентитет и дигнитет на двата народи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?