(ВИДЕО) Заев: Не смееме да си дозволиме влада на ВМРО-ДПМНЕ која носи опасност

Од:

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, Зоран Заев преку видео-обраќање ги уверува граѓаните дека на 15 јули ќе се спроведе гласање со целосна заштита и оти се обезбедни сите мерки за заштита од КОВИД-19.

Тој истакнува дека на 15 јули е важно да се гласа, дека се носи голема одлука. Тој во пораката вели дека се носи одлука за сопствената иднина, за иднината на нашите најблиски и за иднината на нашата татковина.

– На овие избори одлучуваме дали ќе продолжиме да одиме напред или ќе се враќаме назад. Дали ќе растат платите и ќе се полнат џебовите на граѓаните, или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски кои сега се нудат да ја водат државата. Дали ќе го прочистиме судството од корумпираните судии и обвинители или остатоците од заробената држава ќе ги спасуваат Камчев и Груевски, и сите други кои ја ограбија државата. Дали откако влеговме во НАТО ќе влеземе и во ЕУ или ќе им дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа и да не вратат во режим и изолација. Дали ќе се справиме и заштитиме од коронавирусот или ќе оставиме неодговорни луѓе опасни по здравјето да донесат хаос и паника, посочува тој.

Заев потенцира дека секој од нас треба да преземе чекор и да учествува во големата одлука.

– Не смееме да дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создаваме овие три години. Државата ќе продолжи напред само ако вие така одлучите, само ако вие излезете на 15 јули и гласате на безбедни избори. Денес, нема подобра и посигурна опција од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, вели носителот на листа во ИЕ 4 од коалицијата „Можеме“.

– Гласот за СДСМ е глас за сигурност, глас за да спречите влада на ВМРО-ДПМНЕ и нова опасност. Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за кој било кој би можел да коалицира со Мицкоски. Глас за ДУИ е глас за Мицкоски, глас за Мицкоски е глас за обнова на режим. Да гласаме за „Можеме“ да гласаме за најсигурната опција, вели Заев.

Се обврзуваме, вели Заев, пред вас граѓаните, дека првата работа која ќе биде следниот период е реформата на правосудниот систем во државата.

– Покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност носиме правда и владеење на правото за сите преку прочистување на правосудството. Продолжуваме и со грижата за јавното здравје. Денес, не сакаме ниту да замислиме како ќе изгледаше справувањето со КОВИД кризата ако ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата, истакнува Заев.

Тој го пповикува граѓаните во среда, на 15 јули да гласат за бројот три, за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, „за да продолжиме напред кон развој, кон интеграција, кон економски раст и повеќе пари за сите“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?