(ВИДЕО) Заев: Најдоцна до почетокот на идниот месец изборното законодавство треба да се затвори

Од:

Социјалдемократскиот сојуз, јас и дел од раководството сме денеска во Битола, заедно со претседателите на 18-те комисии, членовите на Извршниот одбор, надворешни експерти, заедно работиме на досоставувањето на Платформата, нејзино усовршување во моменти кога ја отвараме дебатата што е тоа што опозицијата, којашто ги вадеше “бомбите“ во целиот овој период, ќе го понуди како алтернативно решение за подобар живот на сите граѓани за периодот којшто е исправен пред нас, рече Зоран Заев.

Секако ги следите процесите, паралелно одат преговорите коишто сами по себе со нивниот успех треба да донесат квалилтетни корективи во нашето општетсво во делот на подобрување на правосудството, во делот на подобрување на медиумите, општо, во делот на подобрување на животот на сите граѓани.

Ја искористивме приликата додека работат комисиите и ова мое слободно време денеска претпладне, да се видиме со групи граѓани, тоа се инвалидизираните лица, лицата со посебни потреби, за да разговараме за проблеми со коишто се соочуваат, а решенијата треба да бидат вградени во Програмата на СДСМ.

Но, разговаравме и со еснафи. Сега пред малку заврши работниот состанок со еснафот, состаноците се отворени и траат толку колку што треба. Ги отвараме сите детали од прашањата без разлика дали е здравство, дали е бизнисот, дали се работните места, без разлика дали е адвокатурата или кој било сегмент од секојдневното живеење. Ние сме свесни дека не знаеме `се, ги поставуваме темелите, Платформата ја нудиме на сите, но, сакаме да биде доградена со максимум решенија за секојдневните проблеми коишто се секојдневна преокупација на граѓаните.

Резултатот е конечен концепт којшто ќе води грижа за граѓаните, којшто ќе ги врати парите назад кон граѓаните, каде што квалитетот и пред `се центарот ќе бидат граѓанинот и семејството, за да негуваме надеж дека ќе создадеме квалитетно општетсво во коешто ќе ги задржиме младите овде, а пред `се и над `се да се обидеме и да ги вратиме заради тоа што миграцијата е голем проблем.

Битола е еден од градовите којшто секако пати од оваа болест од којашто пати цела Македонија, миграцијата којашто се чувствува на секој чекор.

Тоа е изразено во недостаток на квалитетна работна сила, тоа е изразено во вкупен промет на пари во општетсвото. Едниот дел е заради тоа што луѓето заминале, другиот дел е заради тоа што оние кои останале, се сиромашни граѓани.

Некаде околу 75 проценти од граѓаните се под средна класа, односно се сиромашни граѓани, не можат да си дозволат една третина од она што го заработуваат да биде за т.н дискрециони трошења. Значи покрај покривање на секојдневните трошоци, да имаат и нешто да заштедат и за своите деца, да одат на годишен одмор, да купат автомобил после неколку години и сл. Тоа не им е овозможено на повеќе од 75 отсто од граѓаните во нашата земја. Сите овие податоци кажуваат дека состојбата е алармантна. “Бомбите“ или проектот Вистината за Македонија ги потврди фактите коишто нашите граѓани ги знаат.

Прашањето е како понатаму?

Затоа дебатираме, сме отворени, еве и на ваквите прес конференции, и за вас новинарите, за навистина транспарентно да разговараме за актуелните проблеми, соодветно и искрено да ги најдеме решенијата за подобра иднина на сите граѓани.

Одговори на новинарски прашања:

Се наметнува прашањето дали изборниот модел е сеуште на преговарачка маса и дали од одлуката на големите партии зависи како помалите ќе се пласираат?

Беше табу тема заради тоа што големите партии не го отвараа прашањето досега, а тие се највлијателните во сите политички преговори досега. Ние сме првата политичка партија којашто спаѓа во корпусот четири најголеми партии, ние сме според нас најголемата политичка партија, којашто го отвори ова прашање на најтранспаретен начин и се залагаме за една изборна единица. Тоа значи, нашата себичност ја тргаме на страна, тоа значи големите партии може да изгубат три, четири, две пратенички места, при ист број гласови кои би ги добиле ако се промени моделот од шест изборни единици на една изборна единица. Но, тоа не е крај на светот, ние очекуваме да бидеме прворангирана политичка партија на наредните избори. Ќе изгубиме можеби три, четири пратенички места, но тоа не `не прави втори. Тоа ќе отвори можност да влезат помали политички партии во Парламентот коишто ќе влијаат за демократизацијата во Парламентот, од којшто зависи и деморкатизацијата и на извршната власт, односно со неколку зборови кажано, никогаш повеќе автократ да не се појави во Македoнија. Ако Заев добие чест или кој било, да состави Влада, да зависи од лепеза од партии, ќе се мисли сто пати како ќе ги постави основите, а пред се и реализацијата на програмите коишто допираат до граѓаните. Секој оној кој со искрени и чесни намерa сака да се кандидира и номинира пред граѓаните, да добие подршка, нема што да се плаши од една изборна единица. Едната изборна единица е штетна за големите политички партии, но апсолутно е во полза на државата и на граѓаните.

Прашањето беше актуелно, но сега како да не е…

Ние го ставивме на маса и е отворено и се надеваме дека и другите политички партии и меѓународниот фактор, но и граѓанските организации ќе го држат во живот, за да може да се носат одлуки во тој дел. Знаете дека овие денови се денови на отварање на изборното законодавство, тука му е местото на ова прашање. Роковите за дефинирање на изборното законодавство се крајот на овој месец, најдоцна до почетокот на идниот месец. Тоа поглавје мора да се затвори. Апелираме и јавно сите да ги кажат своите ставови на работните групи во функција на демократизација на нашето општетсво.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство