(ВИДЕО) Заев на Самитот во Софија: Отвораме ново поглавје во развојот на регионот

Од:

Македонскиот премиер Зоран Заев пристигна во Софија каде се сретна со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов со кој заедно ќе претседава на годинешниот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.

„Пристигнавме во Софија на лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, каде што оваа година домаќини се Република Бугарија и Република Северна Македонија, а самитот ќе го водиме заедно со премиерот Борисов“, напиша Заев на „Фејсбук“.

Тој додаде дека преку ваквите иницијативи се отвара ново поглавје во развојот на регионот и за остварување на стандардите кои земјите од Западен Балкан ги ставаат поблиску до членството во ЕУ.

„Денеска ќе имаме можност да дискутираме за клучните стратешки насоки за нашиот регион, за визијата за Заедничкиот регионален пазар и за Зелената агенда за Западен Балкан“, напиша македонскиот премиер.

Тој упати посебна благодарност до иницијаторот на Берлинскиот процес, канцеларката Меркел и до СР Германија, од кои, како што напиша Заев, „континуирано добиваме силна поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и за регионалната соработка“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Ковачевски на Берлински процес: Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна за забрзан економски раст и за европеизација на регионот

А1он

Ковачевски од Тирана: Очекуваме конструктивна дискусија за зголемување на регионалната соработка

Катерина Ѓуровски

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Борисов: Бугарија е во тежок период

А1он