(ВИДЕО) Заев-Могерини: ЕК останува целосно посветена во поддршката за нашата земја во новата фаза на реформите

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како дел од своите активности за време на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, оствари средба и со Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Не средбата, на која присуствуваа и Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и советниците на премиерот за европски прашања и надворешна политика Бојан Маричиќ и Дане Талески, премиерот Заев информираше за претстојните подготовки за организирање и за спроведување на референдумот за договорот со Република Грција.

Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини ја искористи оваа можност и лично да му честита на премиерот Заев за одлуката на Европскиот Совет да одреди датум за отворање на преговорите во делот за поглавјата за членство во ЕУ, и уште еднаш ги истакна резултатите од реформските процеси и храбрата одлука за постигнување на договор со Грција.

Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини истакна дека Европската Комисија останува со целосна посветеност во поддршката за нашата земја во новата фаза на реформите, како и во поддршката за организирање успешен референдум во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Барселона, Мадрид и Париз се омилените дестинации на европските патници во 2026 година

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 325 лица се уапсени на пропалестински протест во Лондон

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Сар ѝ се заканува на Британија: Ако работите против Израел, ќе добиете одговор

(ВИДЕО) Првите такси возила без возач излегоа на улиците во Лондон

A1on

Нова закана од Москва кон Лондон: Британија и Русија се приближуваат до опасна линија