(ВИДЕО) Заев: Минимална плата од 20.000 денари, просечна од 34.000 и повеќе пари во секое семејство

Од:

„Во изминатите две и пол години, СДСМ во целост го реализираше концептот Парите назад кај граѓаните со што се зголеми животниот стандард и куповната моќ на нашите граѓани.

И во време на глобална економска и здравствена криза не отстапивме од овој концепт, туку напротив продолживме да го спроведуваме.

За да им помогнеме на нашите компании од туристичкиот сектор, во сетот антикризни мерки воведовме и ваучер за туризам во вредност од по 6.000 денари, за над 117.000 наши сограѓани“, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Тоа е поддршка од 10 милиони евра за туристичката дејност, тоа се пари кои нашите сограѓани ќе можат да ги потрошат овде во Дојран, во Охрид, во Преспанскиот регион и на други места низ нашата убава држава.

Дополнително 18 милиони евра за платежната картичка за поддршка на угостителството, за купување на домашни производи и услуги, вкупната поддршка е 28 милиони евра за поддршка на туризмот, угостителството и сите други дејности.

Концептот Парите кај граѓаните е концепт во кој силно веруваме и тоа ќе го покажеме во следниот мандат, парите уште повеќе ќе завршуваат кај граѓаните.

До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа е за дури 120% повеќе од минималната плата од 9.000 денари на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година.

Со СДСМ платите во сите сектори ќе растат уште повеќе. Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари.

Истовремено со раст на платите ќе растат и пензиите. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21%.

Успешниот проект Мој ДДВ ќе продолжи и во следните 4 години. Прагот за месечен поврат на ДДВ го креваме од 600 на 800 денари месечно! Тоа значи 2.400 денари на квартално ниво, тоа значи 9.600 денари на годишно ниво. Тоа е приход плус во секое семејство, екстра пари кои ќе се вратат назад во економијата.

Нудиме модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места и обезбедува повеќе пари во секое семејство.

Затоа, на 15 јули очекуваме силна поддршка за нашиот концепт кој обезбедува повеќе пари кај секој граѓанин.

На 15 јули со поддршка на бројот 3 и Коалицијата „Можеме“ граѓаните ќе потврдат дека повисоки плати и пензии, повеќе пари во семејствата е вистинскиот, правиот пат по кој треба да се движат нашата држава и нашата економија“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски