(ВИДЕО) Курц-Заев: Австрија е и останува голем пријател и поддржувач на вашата земја

Од:

Претседателот на Владата, Зоран Заев во Виена оствари средба со канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц.

Заев му се заблагодари лично на Курц, но и на Владата на Република Австрија за се што направиле за Република Северна Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан, соопштија од владината прес-служба.

„Сега откако почна да се имплементира договорот од Преспа, се насочуваме целосно кон работа на реформите дома. Постигнатиот договор имаше позитивен импакт врз целиот регион. Со договорот успеавме да покажеме дека со партнерство и дијалог може да се постигне многу“, потенцираше Заев на средбата.

На средбата Заев истакна дека членството на Северна Македонија во Европската Унија е единствениот избор.

„По историскиот договор меѓу нашата земја и Грција, време е да им се посветиме на економските прашања во земјата“, рече Заев и додаде дека оваа година сите напори ги насочуваме кон забрзан раст на економијата.

Средбата, како што истакна, Себастијан Курц, уште еднаш го покажува и го докажува пријателството меѓу двете земји. По успехот со решавање на спорот со Грција, Република Австрија се надева дека годинава Република Северна Македонија ќе ги започне преговорите со Европската Унија, во тој процес, рече Курц, Австрија и натаму ќе и ја дава потребната поддршка на Северна Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

А1он

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Украдениот хеликоптер од Австрија детектиран во Хрватска: сопственикот бара помош во потрагата

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

Освои 12 милиони евра, но веќе два месеци не ја подигна добивката

А1он

Фиктивна фирма, лажни документи и милионски пратки: Австрија откри како воена опрема стигнува до Русија