(ВИДЕО) Заев: Ќе се изнајде решение за името со што ќе се сочува достоинството на двете страни

Од:

Премиерот Зоран Заев, одговараше на Струга, каде присустуваше на чествувањето на празникот Богојавление-Водици.

Премиере како ја коментирате изјавата на Васко Наумоски околу тоа дека Нимиц не дава достоинствени решенија?

– Се работи за личен став. Слобода. Луѓето може да коментираат слободно. Јас сум оптимист, или како ме нарекоа, непоправлив оптимист. Верувам дека помеѓу две земји, кои што се пријатели и имаат намера да бидат уште поголеми пријатели, ќе се изнајде решение каде што ќе се сочува достоинството на двете страни, и буквално ќе биде придобивка за иднината на граѓаните на двете земји.

Премиере, Дескоски кажа дека Република Македонија (Скопје), тој предлог во 90-тите години го прифатиле и двете земји. Дали навистина повторно се преговара околу тој предлог?

– Верувајте за суштината на предлозите, на разговорите, на рамката која што е испорачана, не би требало јавно да зборуваме, да не ги уништиме шансите на преговорите. Гледате дека се води транспарентен процес, знаете дека сакаме со национален консензус да го изградиме решението на ова прашање и на крајот граѓаните на референдум да го потврдат. Јас сум убеден дека ако бидеме внимателни, ако водиме грижа дури и за грчката страна, а грчката страна да води грижа за нашата страна, верувам дека ќе се изнајде решение за ова прашање кое што еве 25 години не измачува пред се нас, граѓаните на Република Македонија.

Претседателот Иванов стави вето на законот за јазиците. Како го коментирате тоа? И вели дека сите решенија кои што се носат сега се фалични решенија.

– Апсолутно не. Се што е донесено во рамките на законот за унапредување на јазиците е согласно амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. Јас уште еднаш ја испраќам пораката дека е вредно да се заложиме за едно општество за сите. Ова е наша мајка Македонија, на сите граѓани, без разлика на нашата етничка, религиска, па дури и политичка определба. Треба да подадеме рака, да имаме доверба во институциите на системот. Се надевам дека ако нешто не е буквално во согласност со Уставот, постои Уставен суд, Венецијанската комисија ќе го каже своето мислење,но и да внимаваме сите со пораките, поради тоа што навистина треба и ова политичко прашање конечно да спласне, да се посветиме на подобар живот и подобри перспективи за сите граѓани.

Премиере се наоѓаме во мултиетничка Струга, каде докажавме дека симболот на соживот може да важи за сите на една ваква манифестација. Вашите импресии од денешниов ден за тоа како сега го дочекавте овој празник?

– Знаете, како градоначалник пред се на Струмица, но и како политичар во нашата цела Македонија ја имам денеска честа прв пат за Водици да бидам во Струга. Оваа прекрасна гледка на дримот со погледот на Охридското Езеро овде е незаменлива. Како Струга нема друга. Дефинитивно посакувам се повеќе граѓани да го посетуваат ова наше прекрасно македонско катче за да се развие туризмот, а секако, стружани покажуваат и со соживотот и со благопријатните насмевки и со гостопримството дека секој е добредојден овде во Струга.

Премиере дали имате договорено средба со грчкиот премиер Ципрас во Давос?

– Да, имам. На 24-ти ќе се видиме во Давос.

Дали сте задоволни од средбата со Столтенберг?

– Јас сум повеќе од задоволен. Но секое задоволство од секоја средба или завршена работа претставува сериозна обврска. Навистина, Генералниот секретар на НАТО упати сериозна охрабрувачка порака до сите граѓани, до мене лично како политичар и до Владата. Сигурно, треба да ја сработиме работата пред се поради реформите. Реформите не ни се услов за влез во НАТО, но тие се услов за благопријатна состојба на граѓаните и нивниот живот во нашата Македонија. Треба да го сработиме тоа. Знаете дека очекуваме решение на проблемот кој што Република Грција го има со нашето уставно име, јас се надевам дека во 2018 година Македонија може да ја добие поканата да биде 30-та членка на северозападната Алијанса – НАТО.

Дали пред април може да се случи тоа да се реши спорот околу името и да се очекува Македонија да влезе во НАТО?

– Знаете, дај боже ден поскоро, месец поскоро да има решение на вака чувствителен и сериозен проблем. НАТО самитот е во јули колку што знам, тогаш ќе се носат одлуките. Април знам дека се држат претходните сесии на претставниците на земјите членки на Алијансата каде што се подготвуваат тие седници за јули месец. Така што, имаме многу време но и немаме многу време, треба да бидеме посветени и внимателни. Јас апелирам и до медиумите и до граѓаните, да бидеме со позитивна енергија, поради тоа што знаете дека се што ќе правиме, ќе биде на референдум потврдено или одбиено. Ќе се обидеме со национален консензус, и ние, и ВМРО-ДПМНЕ, генерално и ДУИ, другите политички партии, имаме или исти, или приближни ставови и ќе водиме грижа за нашиот идентиет и за достоинството на нашиот народ, но истовремено мораме да водиме грижа на сегашните и идните генерации.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска