(ВИДЕО) Заев: Имаме решенија што се брзи и можни, но кои не зависат само од опозицијата

Од:

Премиерот не даде индиции дека е подготвен да поднесе оставка, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по лидерската средба која се одржа денеска во Клубот на пратеници.

Разговорите траеа четири часа и била дефинирана само рамката на преговорите, но преговорите не отпочнале. Следната средба ќе се одржи на почетокот од наредната недела, а Заев изјави дека на таа средба ќе се продолжи онаму каде се застанало денес. Сепак тој не сакаше ништо повеќе да открие повторувајќи дека Европската унија ќе ја информира јавноста за деталите со цел партиите да им дадат шанса на преговорите.

– Имаме решенија што се брзи и можни но кои не зависат само од опозицијата. Овие решенија би можеле да ја олабават ситуацијата во земјава. Оставки ако паднат значително ќе ја олабават ситуацијата – рече Заев.

Тој додаде дека такви решенија се оставки од првиот јавен обвинител, од раководството на МРТ, како и преодна Влада како потребен исчекор кој ќе ги придвижи преговорите.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска