ВИДЕО: Заев држеше мегафон на Маршот за женските права

Од:

Премиерот Зоран Заев на денешниот Марш за женските права направи необичен гест кога ѝ го придржа мегафонот на една од учесничките во протестот додека таа говореше и претходно се пошегува дека мегафонот е тежок.

Заев, кој беше во близина, го зема мегафонот и го држеше додека таа говореше за поразителните статистики за родовата еднаквост во земјата. Меѓу другото, ги слушаше и статистиките што ги истакна активистката, која рече дека, за жал, на претходните избори од 208 кандидати за градоначалници, само 12 се жени.

„Повторувам, само 12 се жени. Тоа се помалку од 6 отсто! “, рече активистката Калија Димитрова на што Заев се насмеа и се фати за главата.

„За тие во последниот ред што дофрлаат дека тоа не е родова дискриминација, туку немањето квалитетен женски кадар или, пак, ги оправдуваат партиските одлуки со мантрата дека електоратот сé уште не сака да гласа за жени, прочитајте нешто за системска дискриминација. Проверете ја сопствената привилегија, размислете за шансите кои ви биле дадени во животот и потоа зборувајте за праведна распределба на јавни позиции!“, додаде Димитрова.

Неколку стотици граѓанки и граѓани денеска присуствуваа на Маршот за женските права, кој започна од Паркот на жената борец во центарот на градот. На маршот беа испратени пораки за проблемите со кои сè уште се соочуваат жените во општеството, дискриминацијата, како и нееднаквите можности помеѓу мажите и жените.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Делчевските пензионери маршираа низ градските улици барајќи линеарно покачување на пензиите

(ВИДЕО) Преживување на „Марс“ во скафандер од 25кг и со „храна во прав“: Интервју со Мартина Димоска, прв аналоген астронаут од Македонија

Орце Костов