(ВИДЕО) Заев: Договорени избори на 12 април

Од:

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски рече дека нивниот предлог бил 22 декември да има предвремени парламентарни избори, но опозицијата барала сто дена влада.

„Нашиот предлог беше 22 или 29 декември да одиме на избори, во период кога нема ништо важно во државата би можеле да го завршиме избирачкиот процес, а притоа да очекуваме Шпанија во декември или јануари да направи ратификација на протоколот од НАТО, а ние да имаме функционален парламен кој на крајот кога ќе го ратификуваат сите земји членки останува нашиот Парламент да го ратификува протоколот од НАТО, да го депонираме во Вашингтон и со тоа да станеме членка на НАТО. Опозицијата коментираше дека во тој случај нема 100 дена влада. Имаше и други опции 22 март, 29-ти март, 12-ти април, но сите сме согласни дека изборите ќе се одржат на 12 април“, рече премиерот Заев.

За тоа колку ќе трае техничката влада и кој ќе дојде на негово место, Заев вели дека ќе има дополнителни консултации.

– Имаме можност да разговараме и за промена на изборниот модел. За СДСМ е прифатливо да имаме една изборна единица, но треба да ги слушнеме и другите политички партии. За нас е важно да направиме еден исчекор напред кон демократизацијата, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија