На членот на поблиското семејство на Љубе Бошкоски, Даниел Пауновски денеска му беше забрането да присуство на продолжението на судскиот случај „Ровер“. Судските полициски службеници во Врховниот суд впериле прст во него, потенцирајќи дека Пауновски не може да го следи судењето.
И покрај побараното образложение од полицијата кој е проблемот и зошто не му дозволуваат да влезе во судницата, единствен одговор што го добил било – „ти си проблемот“.
– Немаше некоја причина зошто не ме пуштија да влезам, макар и на 10 минути. Бидејќи судот и затворот не дозволуваат посети, а ова е единствениот начин да се видиме. Сега сакаат да го уништат Бошкоски психички, со тоа што го носат на судење против негова волја. Денеска полицијата покажа сила и моќ од страна на судската полиција, кој за малце не ме удри, подоцна се сврте приказната дека јас сум сакал да го нападнам, што е небулозно и смешно – се пожали Пауновски.
Тој вели дека е интересна појава се што не размислува како владејачката гарнитура, мора да се нападне и уништи.
Пауновски вели дека ова се повторува на секое судење, дури и кога сите роднини му даваат предност да влезе на судот наместо нив.
П.К.