ВИДЕО: За Велија, Љубе, Кежаровски лесно се определуваше притвор, но не и за Миле и Темелко

Од:

Истражниот судија не се „осмели“ и не определи притвор за осум лица во случајот „Титаник“, како што бараше Специјалната јавна обвнителка. Иако се товарат за дела поврзани со изборни измами и фалсификат кои не застаруваат, за злосторничко здружување, сепак нема притвор за екс министрите Јанкулоска и Јанакиески, за градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, за кои и самите жители на Пустец признаваа дека тој ги организирал да доаѓаат и да гласаат во Центар за локалните избори.

Судството и определени судии и обвинители се споменуваа во „бомбите“ на опозицијата, како се вработуваат, унапредуваат, како од нив се бараат пресуди. Стручната јавност прашува дали ноќешната одлука за неопределување притвор, не ја наметнува потребата од формирање и на Специјален суд.

И нив и јавноста, ги потсетуваме дека мерката притвор досега беше многу лесно определувана, за многу полесни кривични дела, каде немаше опасност од бегство, повторување на делото или влијание на сведоците.

dusko-mlekarot-sud

Во 2010 беше одредена мерка притвор од 30 дена за млекрот Душко Илиевски, неговиот брат Цане и таткото Томе по поднесената кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори Битолската полиција во градината на семејството Илиевски во Градско поле пронајде 207 стебла Канабис сатива, а Илиевски тврдеше дека тоа било див коноп.

Премиерот Никола Груевски во изјава за медиуми, не почитувајќи ја презумпцијата на невиност јавно го обвини Илиевски.

Во декември 2010 година, сопственикот на А1 телевизија, Влеија Рамковски, членови на неговото семејство и вработени, со лисици на раце, ноќе беа донесени пред истражен судија и им беше веднаш определен 30 дневен притвор.

Притворите беа продолжувани, иако меѓу нив имаше и бремени жени.

Во 2011-та, ден по парламентарните избори, во акцијата „Кампања“, беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Тој брутално, од припадник на МВР беше држен легнат, со вперен пиштол во глава половина час.

Ова, е во разговорот кој го објави СДСМ во бомбите, помеѓу тогашната министерка за внатрешни работи и нејзиниот портпарол. И за Бошкоски веднаш беше определена мерка пртвор.

Се товареше за злоупотреба на пари во изборна кампања. За истото дело, за кое сега не е определен притвор се товарат и лицата во акцијата „Титаник“.

Во 2013-та во акцијата „Шпион“, обвинетите се товарат за шпионажа и оддавање на државна тајна.

Постапката се водеше против 22 лица, а 17 беа приведени. Биле извршени претреси во домовите и помошните канцеларии на осомничените лица. Медиумите открија дека меѓу уапсените се шефот на кабинетот на Трајко Вељаноски, Марјан Маџоски, генералот Горан Стојков, екс разузнавачот Александар Диневски, Ване Цветанов, режисерот Борис Дамевски (Еднооки).

Во притвор беа 13 обвинети, а мерката беше изречена за 19 лица. Во 2014-та, во акцијата „Мрежа“ определен е притвор и кривични пријави за четворица скопјани. МВР поднесе кривични пријави против четири лица П.С. (26), Т.Д.(24), П.А. (23) и Р.К. (34) поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Запленети се 168,84 грама марихуана, 1,14 грама амфетамин и две „џоинт“ цигари, а предходно во домовите на уапсените бил извршен претсес при што бие пронајдени пари, вага и одредени количества дрога.

Притвор од 30 дена веше определен за 15 лица уапсени во полициската акција „Милка“ во 2013-та година. Од криумчарење на телиња и јунци криминална група заработила над два милиони евра.

Европскиот суд за човекови права потврди дека обвинетите од „Змиско око“ биле неправедно притворени и задржувани во притвор. Според судот, со ова бил прекршен членот 5 став 2, за правото на слобода и сигурност од Европската конвенција за човекови права.
Обвинетите и притворените во акцијата „Фаланга“ во 2010 година се товарат за тргување со артефакти. Уапсени беа 48 лица (директори, бизнисмени, полицајци и др.).

Акцијата ја потврди тогашната министерка Гордана Јанкулоска.

Во „Фаланга 2“ во 2013-та, обвинетите се товарат за тргување со артефакти. Приведени се 14 лица. 9 од нив добиле притвор од 30 дена.

Меѓу обвинетите е и Паско Кузман, четири службени лица вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија, како и полициски службеник во Велес.

kezo 01

Обвинетите во акцијата „Ликвидација“ во 2013-та се товареа за оддавање на име на заштитен сведок. Осуммина обвинети беа по два и пол месеци во притвор. Меѓу обвинетите беше Томислав Кежаровски, новинар во Нова Македонија, судија, јавен обвинител и адвокати.
Кежаровски беше земен од неговиот дом, пред жената и ќерката и со лисици донесен пред истражен судија. И тој доби мерка притвор.
Во 2013-та Кили и неговиот брат беа уапсени за поседување на наркотични средства.
На Владимир Поп Христов, братот на Кили веднаш по апсењето му беше одредена мерка притвор од 30 дена. Актерот Кили првично доби 30 дневен притвор, а потоа му беше продолжен на уште триесет дена.
Истражен судија во 2013-та година му изрече осум дена притвор на уредникот на порталот Охрид Скај, Сашо Деносовски, откако против него беше поднесена кривична пријава за заплашување и загрозување на безбедноста на охридскиот градоначалник, Никола Бакрачевски.

За случајот „Изгрев“, браќата Миладиновски во притвор поминале 23 месеци, обвинети за кривичните дела перење пари и злоупотреба на службената положба. Европскиот суд за човекови права пресуди дека Миладинови биле држени во притвор неосновано.

Во мај 2015-та, пред судија на претходна постапка беа доведени 3 лица со предлог од Основното Јавно обвинителство за определување на мерка притвор заради основано сомнение за кривичното дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 ст.1 од КЗ, како и предлог за определување мeрка притвор во отсуство на уште едно лице за истото кривично дело, а поврзано со протестите кои на 05.05.2015 година се одржаа пред зградата на Влада на Р.М. Од притворените лица, 7 се студенти, од кои 2 лица се претставници на Студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески