(ВИДЕО) За платена сметка од 380 денари, Инфективно на пациентка преку извршител и бара 20.000 денари

Од:

Клиниката за инфективни болести праќа извршители за сметки кои се платени пред повеќе од 2 години. Според информациите до кои дојде А1он, нотарски барања за присилна наплата пред извршување се испратени на над 300 лица. Стојка Колариќ е една од лицата на кои дома им стигнале нотарски писма дека се должни на клиниката за инфективни болести и доколку не платат во рок од 8 дена, наместо 1.200 денари ќе треба да плати 20.000 денари.

– Бев во клиника на 7.2.2015 година, а два дена подоцна платив за прегледот. Сега, ми доаѓа да платам многу повеќе преку нотари и адвокати. Прегледот чинеше 380 денари, а сега, освен 1200 денари за прегледот, треба да платам и за адвокатски и нотарски трошоци, што вкупно чини над 6.000 денари, вели Колариќ, за А1он.

Таа вели дека е технолошки вишок и нема толку пари да плати. Додава, никому не должела, најамлку на државата, но дека нема намера да плаќа двапати за прегледот и за трошоците на адвокатот и нотарот.

– Докторката си напуштила, немам никаква информација каде да се обратам. Во клиниката не сакаа да ме сослушаат, па напишав жалба бидејќи се ми е подмирено. Писмото наводно било пратено на 16.02.2015 година, а до сега такво нешто ми немаше стигнато дома. Сега, по 2 години ми испраќаат писмо дека ќе ми ја блокираат сметака, вели Колариќ.

Таа вели дека е чудно како иако имала оставено контакт телефон и адреса, досега не и го доставиле предупредувањето од 16.02.2015 година, а сега, кога преку адвокат и нотар и се закануваат со извршител успејале веднаш да и ги достават документите.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Обвинителството не бара притвор за адвокатот на Палевски, но ги продолжува проверките дали бил инволвиран

Александар Тодески

Стојков, адвокатот што го возеше Палевски во Србија притворен, обвинителството утре ќе одлучува дали ќе бара притвор

Лекар и адвокат од Тетово уапсени поради незаконско работење и осигурителна измама

Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

Орце Костов