ВИДЕО: За „Маѓар телеком“ сè е договарано на повисоко ниво, тврди адвокатот на обвинетитот Ролф Плат

Од:

Адвокатот на обвинетиот Ролф Плат, во случајот „Маѓар телеком“, Владо Илиевски по денешното судско рочиште изјави дека обвинителката Лиле Стефанова, денеска претставила доказ за соработка што го немале досега во потпишана верзија, иако знеле дека таков документ постои.

„Нон-пејпер документот го немаме видено. Прокотоклот за соработа не сметам дека не бил нелегален и не се косел со законите во РМ Според обвинителката треба да содржи конректни плаќања, за одреднеи личности и произлегол од протоколот за соработка“, рече Илиевски.

На прашањето дали е законски да се исплаќаат милионски износи на политичари, како што пишува во документот, Илиевски рече: „Не е законски да се исплаќаат толкави суми. Не можам да го коментирам нон-пејпер документот, не сум го видел“.

Адвокатот рече и дека ако нешто е договарано тоа е договорено на повисоко ниво, меѓу други лица и дека постои причина зошто СЈО го презело предметот.

„Можеме да видиме дека сè е договорано во врска со „Телеком“ на едно пивисоко ниво, на ниво на Влада, сосптвениците на „Телеком“, МАТАВ. Оваа постапка се води за несовесно работење во службата од член 353 в.

Денеска сведочеше ескминистерот за транспорт и врски од ДУИ, Џемали Мехази, а за случајот повикан да сведочи е и ексразузнавачот Слободан Богоевски.

Унгарецот Атила Сендреи и членовите на тогашниот одбор на директори во „Македонски телеком“, Германецот Ролф Плат, Гркот Михаил Кефалијанис и Унгарецот Золтан Кишјакус, се обвинети дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ за речиси 4 милиони евра, а буџетот за 2 милиони евра, бидејќи Владата во тој период поседуваше 47% од акциите во компанијата.

На сметка на фирмата во Кипар биле префрлани пари без одлука на одборот на директори, а налозите ги потпишувале Сендреи, Ролф Плат и Кишјакус. Обвинението против тројцата ексдиректори било поднесено во Основниот суд Скопје 1 во првата половина на 2011 година, а првото судење се одржа на 26 октомври 2011 година. Судот распиша меѓународна потерница во 2008 година за Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус. Михалис Кефалојанис нема да одговара за овој случај, бидејќи обвинителот Марко Зврлевски за него ја отфрлил кривичната пријава.

Тројца ексдиректори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи, во паралелна постапка што се водеше пред унгарските власти за истиот случај беа обвинети дека во 2005 и 2006 година на македонски функционери им исплатиле мито од приближно 4,8 милиони евра за да ја одложат либерализацијата на телекомуницискиот пазар.

Аферата доби нова димензија по сведочењето на ексразузнавачот Слободан Богоески пред окружниот суд во Њујорк, кое беше објавено јавно и за првпат во јавноста беа посочени конкретни имиња. Богоески во сведочењето тврдеше дека мито од „Маѓар телеком“ зеле поранешниот премиер Владо Бучковски, како и функционерите од ДУИ Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами. Ахмети и Џафери, кои го тужеа Богоески за клевета и навреда, го добија случајот на суд, но Апелацискиот суд ја укина пресудата.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“

Ана Ололовска

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска