(ВИДЕО) Вуиќ: Вујкото на Мартин Нешковски ја призна вината за студентите да излезат од притвор

Од:

Вујкото на починатиот Мартин Нешковски, Горан Митановски ја призна вината за „учество во толпа и спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ само за да ја скрати судската постапка и студентите кои се во притвор да излезат на слобода рече адвокатот Мирослав Вуиќ.

dobivaj vesti na viber

Судот одлучи да го осуди на ефективна казна од 10 месеци затвор. Останатите осум демонстаранти добија условни казни од по три месеци.

Според него доказите можеле да бидат оспорени од одбраната но тоа би одземало многу време.

Вуиќ смета дека вујкото на Мартин покажал доблест и ја признал вината само за да не продолжи голготата на студентите во притвор каде условите се очајни.

„Со оглед дека ги имаме видено доказите и јас лично од доказите што ги видов, мислам дека ја призна вината само за да не ја попречува постапката и да заврши поради другите деца. Тоа е доблест. Од списите на предметот нема толпа, неговото дејствие е поединечно и тој ја брани само својата сестра. Кој тоа не би го направил па макар да се работи и за полицаец и ако видите дека вашата сестра е истуркана или туркана“, изјави Мирослав Вуиќ адвокат на вујкото на Мартин Нешковски.

Останатите адвокати се задоволни од пресудата. Ја поздравија брзината на судот. Како успех ја протолкуваа одлуката осум од обвинетите да добијат условна казна од три месеци.

„Одредена е најниска алтернативна казна што според мене е и некој успех за сите обвинети. За ефективната казна сигурен сум дека ќе има жалба до апелациониот суд“, рече еден од адвокатите.

На 2 јуни во судница ќе седнат уште четворица, а на 3 јуни уште пет лица. И тие се теретат за „учество во толпа и што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. На четворица од овие демонстранти судот им го продолжи притворот.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста

Ана Ололовска

Спасовски: Да одговорат обвинителот и судијата врз кои проценки е дозволено Спасов да ја прекине затворската казна

Ана Ололовска

Игор Спасов, убиецот на Нешкоски, избегал во Турција?

Мери Јордановска

Штипскиот суд преку соопштение ќе информира за случајот со бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Заев: Очекувам истрагата да покаже каде е Игор Спасов

Ана Ололовска

Спасов од денеска се бара со потерница

Ана Ололовска

1 comment

Babet 22/05/2015 - 16:03 at 16:03

Сите обвинети во завршните зборови истакнаа дека се свесни за обвинението, дека се каат за постапката и дека вината ја признаваат без никаква закана.

Reply

Leave a Comment

3 × 3 =