Братот на исчезнатиот Македонец во Грција бара помош од Владата и МНР: Веруваме дека е жив, потрагата не смее да запре

Од:

Потрагата по Мартин Јовановски, третиот Македонец по кој се трага на Халкидики, ќе треба да запре денеска. Горан, брат на Мартин, бара помош од македонските власти. Тој ја повика Владата и МНР да се изнајде начин за да продолжи со пребарувањето, бидејќи заедно со семејството, веруваат дека Мартин е жив и чека помош.

„Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до ОФКАТ екипата спасувачи од Грција и до Генералниот конзулат во Солун кои изминативе три дена се заедно со нашето семејство во потрага на нашиот Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели се уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош“, посочи Горан Јовановски, брат на Мартин.

Тој вели дека овие моменти се исклучително тешки за неговото семејство и додава: „Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин“.

Затоа апелираме од македонската Влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи со потрагата по Мартин бидејки според грчките закони потрагата од нивна страна ќе заврши денеска, на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме македонските грагани да помогнат доколку се во можност а за чија помош би можела Владата да организира со некаква акција.

Би можело да ве интересира

Грција бара екстрадиција на македонскиот државјанин осомничен за убиството на Халкидики

А1он

Мечка предизвика паника на Халкидики: Ѕверот е виден на чекор од куќите и игралиштата

ВИДЕО: Двете жени очевидци на убиството на Оки во Грција, камерите ги снимиле убијците – нови детали од истрагата

МНР: Ранетиот Слезовиќ е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност

Горан Наумовски

Грчката полиција трага по двајцата убијци од Халкидики: Во изнајмениот апартман се наоѓале пет лица сите од Македонија

Горан Наумовски

Орхан Бајрами алијас „Оки“ од бандата „Дуќанџик“ е убиен во Грција