(ВИДЕО) Избувна пожар во Неа Каликратија

Од:

Попладнево избувна пожар во познатото грчко летувалиште на Халкидики, во местото Неа Каликратија.

Како што се гледа на снимките што кружат на социјалните мрежи, густ црн чад се издига над местото.

На лице место пристигнаа бројни противпожарни екипи, кои се вклучија во акцијата за гаснење на пожарот.

До жителите на ова подрачје беше испратена порака преку бројот за итни случаи 112, со повик за претпазливост и подготвеност.

Според последните информации, станбените објекти и инфраструктурата засега не се загрозени.

Оперативниот центар (ESKEDIK) постојано ја следи состојбата на терен со помош на дронови опремени со камери за оптичко и термално снимање, што овозможува прецизен увид во движењето на пожарот.

Специјалниот истражен тим од Солун, задолжен за случаи на подметнати пожари, е веќе на лице место за да ја утврди точната причина за пожарот.

Би можело да ве интересира

Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

На Халкидики се удави македонска државјанка

Горан Наумовски

Три трагедии во Грција: Три сомнителни смртни случаеви

Горан Наумовски

Земјотрес на Халкидики

Грција бара екстрадиција на македонскиот државјанин осомничен за убиството на Халкидики

А1он

ВИДЕО: Двете жени очевидци на убиството на Оки во Грција, камерите ги снимиле убијците – нови детали од истрагата