Грција: Голем шумски пожар избувна на островот Евија

Од:

Голем шумски пожар избувна денес во областа Милаки на грчкиот остров Евија, а во гаснењето учествуваат 28 пожарникари со девет возила, додека од воздух работат седум авиони и еден хеликоптер, објавија грчките медиуми.

Локалното население добило СМС-порака за пожарот од надлежната служба 112, објави Катимерини.

Пожарот избувнал денес во шумскиот предел Милаки, а во неговата близина има неколку расфрлани куќи.

На противпожарната бригада во гаснењето на пожарот ѝ помагаат и цистерни за вода од општината Алиберио-Кими.

Според Противпожарната служба, членови на Истражниот тим за палења во Пиреја се на лице место за да ги испитаат причините за пожарот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Избувна пожар во Неа Каликратија

А1он