ВИДЕО: Во куќа во Тетово запленета дрога вредна 2,5 милиони евра

Од:

Во синоќешната акција на Mинистерството за внатрешни работи била откриена лабораторија за синтетичка дрога во Тетово.

Запленети се 125 килограми синтетичка дрога, а вредноста е повеќе од 2,5 милиони евра, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во акцијата се уапсени шест македонски и српски државјани. Според првичните информации се работи за најголема количина на синтетичка дрога запленета на Балканот.

Акцијата е спроведена во соработка со ДЕА и истражен тим од Србија.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција претходно соопшти дека во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал и МВР на Србија откри инсталација на најголема лабораторија за неовластено производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа.

„Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Тетово и Скопје јавното обвинителство во соработка со МВР спроведе акција при што е откриена цела инсталација за неовластено производство на синтетички дроги и се запленети големи количини синтетичка дрога, како и суровини за нејзино производство“, соопшти Обвинителството.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он