(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Во 21 век добиваме информации дека клиничката болница во Штип не обезбедила греење

Од:

Љубе Здравков, советник во совет на општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека здравството во Штип е срамно и недостоинствено.

– Замислете во 21 век наместо од клиничката болница да добиваме информации колку човечки животи се спасени, колку болести се навреме дијагностицирани, ние го добиваме спротивното. Во 21 век добиваме информации дека клиничката болница не обезбедила греење за своите вработени и за пациентите од цела источна Македонија. Несериозниот однос на менаџментот на болницата ја остави оваа исклучително важна институција без греење и тоа во најстудените денови во годината. Тоа значи дека пациентите кои ја посетуваат болницата со веќе нарушено здравје имаат ризик од истата таа болница да излезат уште поболни, рече Здравков.

Тој додаде дека ова е единствената здравствена институција во регионот на која ѝ е доверено здравјето на пациентите на сите граѓани, а која за жал не води сметка за основните права на пациентите.

– Време е штипските функционери од областа на здравството да ги напуштат своите топли канцеларии и да прошетаат низ собите на клиничката болница и така ќе сфатат дека животот во болницата не дошол.
Во болницата имаме само студ, ледени радијатори и пациенти кои барале здравје, а добиле болест. Затоа на најголемите гласноговорници против здравствените услови кои ги обезбедуваше претходната власт, а сега на највисоки функции во здравството, им предлагаме да преземат мерки и итно да го решат проблемот со греењето, рече Здравков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти