(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов вработува 19-годишен личен шофер и советник за јавно осветлување

Од:

Петре Шилегов и СДСМ на само една година пред локалните избори, во сериозна криза и рецесија во која што се наоѓаме како држава во моментов, вработуваат 135 луѓе во Град Скопје по партиски клуч кои ќе ги чинат граѓаните еден милион евра – обвини на прес конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

„За да биде апсурдот поголем од што може да го направат Заев и Шилегов, во Град Скопје се вработува личен возач на Петре Шилегов, за кој претходно најавивме и говоревме кој е роден 2001 година и кој треба да вози нов автомобил со високи перформанси, односно законот не го дозволува тоа. Автомобилот, Фолскваген Пасат кој ќе му биде доделен на новиот личен возач на Петре Шилегов кој има само 19 години не смее да го вози човек без 2 години возачко искуство, а нормално момче родено 2001 година со полни 19 години никако не може да ги исполнува условите бидејќи би требало да полага во тој случај на 17 години што е невозможно. И она што е најголем апсурд се вработува нов личен возач на Петре Шилегов, а во Градот Скопје има дури 19 возачи кои што веќе се во работен однос“ – вели Арсовски.

Тој уште посочи дека Градот Скопје вработува раководител на сектор на опрделено време што како што рече е несвојствено за ваква институција.

„Едно од вработувањата е и советник за јавно осветлување. Може Шилегов да излезе низ граѓаните да поразговара и да прошета и сами ќе му кажат каде не функционира осветлувањето заради неговата негрижа. Не му е потребен човек кој да го советува кои канделабри се прегорени или сијалици, или кои се искршени“ – посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работеа со визија, во многу општини го надминаа ветеното

Горан Наумовски