ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека семејството на Филипче го узурпира Водно, министерот демантира

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес-конференција рече дека министерот за здравство Венко Филипче преку семејството на неговата сопруга и Горан Филипов, сопственик на фирмата „Синерџи“ се сопственици на 11 катастарски парцели од над 13 илјади квадратни метри на падините на Водно.

„Семејството Савески на сопругата на Филипче е сопственик односно сосопственик на 7 катастарски парцели со вкупна површина од 6.164 м2. Горан Филипов е сопственик односно сосопственик на 8 катастарски парцели со вкупна површина од 7.342 м2. Согласно важечкиот урбанистички план, кој што дополнително е развиен со  Архитектонско урбанистички план, финансиран од инвеститорите за споменатите локации е предвидена намена А4. А4 означува времено сместување, а под тоа се подразбира градби на хотели, мотели, викендици, старски домови и други објекти за времено сместување. Ова пак е дијаметрално спротивно со истакнатата табла пред објектот Касарна која што се гради и на која што стои дека се гради семејна куќа. За семејна куќа се издава А1! Фактичката положба и издадените одобренија укажуваат дека се градат два објекти со намена ‘времено сместување’“, рече Стоилковски.

Според него, спрегата меѓу Филипче и Филипов е голема, односно станува збор за „добро познати семејно поврзани лица, кои што долги години споделуваат и заеднички имоти, влегуваат во заеднички инвестиции, а Филипче му одобрува тендери од 7 мил евра“.

Тој побара од министерот за здравство одговори за оваа афера која ја нарече „Шпанско село 2“.

„Како со чесна плата се стига до 13.500 м2 на Водно? Дали можеби освен Филипче и семејството на неговата сопруга има уште некој друг близок до Филипче со имот во непосредна близина? Ќе изникне ли Шпанско село 2 на падините на Водно, пред очите на институциите додека Филипче го заврши министерскиот мандат?“, праша Стоилковски.

Министерот за здравство Венко Филипче преку соопштение реагира дека родителите на неговата сопруга не располагаат со земјиште од 13 илјади квадратни метри, туку со околу 5000 квадратни метри, од кои најголемиот дел се земјоделско земјиште.

„Семејството гради само семејна куќа, на плац од 600 квадрати. Земјиштето е купено во 2015 година кога Венко Филипче не беше на функција министер за здравство. Второ, компанијата која наводно се поврзува со министерот Филипче апсолутно не е на ниеден начин поврзана со него, ниту пак тој доделувал тендери за истата во висина од 7 милиони евра како што обвинува Стоилковски. Трето, фирмата „Синерџи“ во Министерството за здравство има аплицирано на само една јавна набавка, којашто е во висина од 35 милиони денари, добиена во регуларна тендерска процедура. Четврто и најсмешно, сопругата на министерот воопшто не се вика Маја како што наведува Стоилковски, што уште еднаш се докажа какви неточни, несериозни и лажни информации пласира Стоилкоски за дневно политички поени“, стои во соопштението.

Според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја дефокусира јавноста во време кога министерот и медицинскиот персонал е посветен на справување со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје