ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ го прослави 31. роденден во охридскиот Антички театар

Од:

ВМРО-ДПМНЕ вечерва со собир во Aнтичкиот театар во Охрид го одбележа утрешниот (17 јуни) 31. роденден на партијата, а воедно ја претстави и новата политичка стратегија, претставена преку слоганот „Македонија за сите луѓе“.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со новата платформа партијата „ќе допре до секое срце на секој еден наш граѓанин и ќе биде силата која ќе ги обедини“.

Мицкоски рече дека треба најпрво да се види со што се соочуваат граѓаните во државата.

–За жал и не е прегрубо ова да го кажам – денеска во Македонија постојат граѓани од прв и граѓани од втор ред и оваа поделба која е фактичка е директен производ на однесувањето на власта на СДСМ и Заев. Граѓани од прв и втор ред е кога половина милион луѓе живеат со едвај 150 денари на ден, а политичарите од власта и нивни блиски одат на скапи летувања и зимувања, возат скапи возила и јахти и се гоштеваат со државни картички, со народни пари. Граѓани од прв и втор ред е кога стотици луѓе не можат да стигнат до вакцина, додека власта и нејзини блиски се вакцинираат, рече Мицкоски.

Тој додаде дека државата е на сите граѓани и оти верува во принципи, вредности и многу работа.

– Нови позитивни ветришта доаѓаат, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предводи промените кои во Македонија ќе создадат она што сега насушно треба, а тоа е систем. Систем на вредности и заслуги, систем на педантност во работата, чесност и одговорност. Реализација на идејата и сонот за Македонија како силна и ефикасна држава која ќе одговори за потребите на своите граѓани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски најави посета на населените места и градови каде со граѓаните ќе разговараат за политиките на партијата.

– Нашиот слоган е „Македонија за сите луѓе“. Оваа нова политичка стратегија ќе ја оствариме преку нашите политики, кои ќе ги објаснуваме и соопштуваме, рече Мицкоски.

Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски истакна дека формирањето на ВМРО-ДПМНЕ беше дело на визионери, патриоти, интелектуалци, лидери на тогашните македонски организации во светот, кој живеејќи во демократски општества ги користеа искуствата од Европа за да можат да помогнат во формирањето на партијата.

– Основна цел на партијата беше слободна и независна Македонија. Оваа бескомпромисна борба беше со огромна поддршка од народот. Визионерите и идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ од самите почетоци преку конгресни документи ги исцртаа аспирациите на нашата партија за влез на нашата држава во ЕУ и НАТО со стратешко партнерство на САД, рече Сајкоски.

Од денес и во иднина, додаде Сајкоски, ни е потребна акција, силен ангажман од секој наш активист, бидејќи тоа е клучот на успехот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

Мицкоски: Се чувствува дека Силјановска Давкова ја има довербата од граѓаните, се ближи крајот на принципот на ДУИ и СДСМ како до сега

Предраг Петровиќ