ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара ДИК рачно да ги преброи гласачките ливчиња

Од:

ОБСЕ и ОДИХР констатираа правна несигурност на овие избори, ДИК рачно да ги преброи ливчињата, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ се победници во 41 општина, а СДСМ во дваесеттина и обвинува дека Социјалдемократите го направиле најголемиот и најмасовниот поткуп и фалсификат на изборната волја.

Државната изборна комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификати, вели Арсовски, вклучително и рачното пребројување на гласачките ливчиња. Нагласува дека пребројувањето треба да го проследи и јавноста, со цел сама да има увид во процесот.

Арсовски не даде одговор колку приговори поднеле ВМРО-ДПМНЕ, а најави дека по истекувањето на рокот ќе кажат за кои изборни единици се однесуваат приговорите.

Тој кажа дека покрај рачното пребројување, приговорите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат и на неважечките ливчиња.

„Имаме огромен број на неважечки ливчиња, над 30.000 несвојствени за ваква излезност на еден изборен процес. Да потсетам уште еднаш, дека функционери на СДСМ и нивни експоненти јавно водеа кампања да се шкртаат ливчиња, претставувајќи го како повик на ВМРО-ДПМНЕ, што е кривично дело во изборен процес. Потребно е да се заштити волјата на граѓаните и да се тргне дамката од изборниот процес“, нагласи Арсовски.

Би можело да ве интересира

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер