(ВИДЕО) Владо Мисајловски: Бугарите прават директно мешање во внатрешното уредување на Македонија

Од:

„Благодарност до македонскиот народ кој на секаде на македонските патишта излезе да каже гласно „не“. Не на францускиот предлог и не на асимилацијата на македонскиот народ. Овде нема партии, нема поделеност само народ кој се бори за своите правдини. Тука сме сите заедно да кажеме не и не“, истакна Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ кој ја предводи блокадата на патот Велес-Штип кај Сарамзалино.

Тој рече дека ова што сакаат да го направат Бугарите е директно мешање на внатрешното уредување на Македонија поради тоа што сакаат да го измениме Уставот, да ги смениме историјата и учебниците.

„Ние Македонците да си го кажеме својот глас и затоа благодарност до сите граѓани кои дојдоа мирно да го искажат својот гнев затоа што тоа е демократско право. Од друга страна гледате дека власта на еден нетранспарентен, на еден нехуман начин сакаат да го пренесат предлогот во парламентот кој не одлучува за тоа. Ова е една парада од Владата дека навидум има некакви консултации во Собрание и да покажат на Европа дека тоа има некаква улога. Нека престанат со лаги и манипулации и народот нека го види тој протокол што го кријат. Ниту новинарите го немаат протоколот. Ние сакаме Македонија да биде стабилна земја и развиена земја, но сакаме и никој да не не понижува“, порача Мисајловски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Влезе во затвор пиштолџијата Кока кој пукаше на протестот кај Скендербег

Кристијан Ландов

Две нови пресуди за инцидентите пред Собранието: Една година затвор за фрлањето молотов коктел кон полицијата, условна за подготовка

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Четири месеци затвор за пиштолџијата што впери пиштол во демонстрантите, па пукаше кај Скендербег

Кристијан Ландов

Приведено уште едно лице за инцидентот кај плоштадот Скендер бег, поднесена кривична пријава

Ана Ололовска

Приведени вкупно десет учесници во денешниот протест пред Собранието

Ана Ололовска

Петмина приведени оти фрлале тврди предмети кон Собранието на денешниот протест

Ана Ололовска