ВИДЕО: Владина делегација положи цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј на УКИМ

Од:

Премиерот Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, во име на Владата на Република Северна Македонија, по повод државниот празник 24 мај – „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, денеска положија цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј, во кампусот на универзитетот во Скопје.

Премиерот Спасовски и министрите Адеми и Апостолска имаа и кратка средба со ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски. На средбата му ги пренесоа честитките по повод државниот празник 24 мај – „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, со порака за поддршка на автономноста на универзитетот како научна, високо­образовна институција, кој обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите, и која е посветена на негувањето и на интернационалната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ и на негувањето и промоцијата на културните вредности на другите етнички заедници во земјата, соопшти владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска