(ВИДЕО) Владиката Петар жестоко ја нападна родовата еднаквост: Опасна, погубна и отровна идеологија

Од:

Митрополитот Преспанско-пелагониски, Владиката Петар во Велигденското послание жестоко го нападна феминизмот и рече дека родовата еднаквост е изопачена.

Тој смета дека пред појавата на ова движење жените биле домаќинки, а сега се еманципирани, но се почесто се разведени.

„На нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост. Оваа идеологија, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена; Господ ги создаде машко и женско, и сè друго изменето, поинакво и поразлично од Божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо“, вели владиката Петар.

Владиката додава дека покрај правата за кои се борат жените, имаат и должност да бидат етични и морални.

„Во минатите векови, до феминизмост и еманципацијата на жената, таа била сопруга, мајка, домаќинка, а денес таа е високоеманципирана со забележителни позиции во општеството, но често и разведена и самохрана мајка. Кога некој бара повеќе или поголеми права, треба да е свесен, подготвен и способен да извршува повеќе должности“ порача владиката Петар.

Смета дека остварувањето на права без должности, го расипува и изопачува светот.

Петар рече дека често се случува феминистичките здруже барајќи права да го вперат прстот во Црквата.

Би можело да ве интересира

Новинар и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде главен уредник на телевизијата на владиката Петар

Орце Костов

Платформа за родова еднаквост: Кој му даде на Владиката концесија за телевизија да ги „забавува“ граѓаните со опасна, погубна и отровна идеологија против жените?

Ана Ололовска

Владиката Петар отвора телевизија, ќе емитува квизови, вести и спорт во следните девет години

Орце Костов

Митрополит Петар: Со изборот на Порфириј за патријарх на СПЦ очекуваме решавање на статусот на МПЦ

Катерина Ѓуровски

Владиката Петар контра медицинарите за „лажичката“: Умреле луѓе што не се причестиле

(ВИДЕО) Владиката Петар: Не се луксузираме, возилата не вредат ниту 10 илјади евра

Наум Локоски