Денеска напладне, вицепремиерот Владимир Пешевски, во центарот на Скопје во близина на „Пастел“ физички го нападна Саше Ивановски Политико, новинар и сопственик на порталот Мактел.
Ивановски вели дека нападот ќе го пријави во полициската станица „Беко“ и дека вицепремиерот му нанел два удари во глава и во нога. Тој стравува дека со оглед на тоа што се работи за висок функционер, може да има опасни последици за него.
– Ме следеше со колата до паркингот и после инцидентот бараше да влезам во колата со него, но јас не прифатив и заминав, рече Ивановски за А1 он.
Видео: Мактел
Видео: Нова ТВ