Реакција од ВМРО-ДПМНЕ за осудата од ЗНМ за нападот врз Ивановски

Од:

Здружението на новинари на Македонија и нејзиниот претседател Насер Селмани денеска излегоа со срамна одбрана на платеникот на СДСМ Саше Ивановски Политико, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тие луѓе што го злоупотребуваат Саше Ивановски го гледаат во него тоа што целата јавност го гледа, но СДСМ, Сорос и одделни новинари се смеат и ликуваат кога ќе успеат да го набуцкаат од себе да го прави тоа што го прави. Тие не само што го толерираат, туку го стимулираат и оправдуваат неговото агресивно однесување. Веројатно и го плаќаат, стои во реакцијата.

Во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ се вели дека ЗНМ и Насер Селмани со ова практично наместо да ги штитат, се првите кои ги газат новинарските стандарди и охрабруваат рушење на слободата на говор и приватноста. Со оваа денешна реакција, се подвлекува, ЗНМ оправдува непрофесионално однесување.

– ВМРО-ДПМНЕ секогаш застапува ставови за професионалност во извршување на новинарската професија, но и ставови кои значат заштита на личниот интегритет и безбедноста на секој граѓанин, независно дали се работи за политичар, новинар, уметник, поет или друг граѓанин, се посочува во реакцијата од партијата.

Од ВМРО – ДПМНЕ потсетуваат дека од ЗНМ и Насер Селмани немаат ниту една единствена реакција на нападите, говорот на омраза, загрозувањето на приватноста, кои, стои во реакцијата, во континуитет ги прави Саше Политико.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче