(ВИДЕО) „Вицепремиере зошто сега не намигнувате?“: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира седницата и бара оставка од Маричиќ

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Дафина Стојановска која побара збор процедурално,застанаа зад неа на собраниската говорница и побараа оставка од вицепремиерот Бојан Маричиќ кој таа го обвини дека и праќал бакнежи и и намигнувал додека зборувала.

– Жалам што премиерот ја напушти салата за да ги види следните реакции на неговиот вицдпремиер. Се надевам дека вицепремиерот ќе остсне мирен на своето столче. Сега се присутни сите пратеници зад мене и можеби затоа бледо не гледате. Како не ви е срам, преку медиуми да кажувате дека јас го нарушувам достоинството на ова собрание.

Излезете вие да кажете како беше, а не премиерот да ве правда. Тој не ве виде како намигнувате и како со усните правите гримаси. Срам сте за Владата, за цела држава! Зошто сега не ми испраќате гримаса? Ајде бидете еден од најхрабрите, зошто молчите, трепнете со едно око да видиме колку сте храбар. Дојдете да не погледнете во очи, лесно е да се праќаат деманти. А да имавте малку срам сега не требаше да присуствувате во салата. Трепнете двапати ако сте киднапирани.

Некој вака со вашата сопруга да се однесува да видам како ќе реагирате, дали писмени деманти ќе давате или ќе се соочите. Ова е срам за држава – рече Стојановска во својот говор и заедно со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ остана на говорницата барајќи оставка од Маричиќ.

Потпретседателот на Собранието кој ја води седницата за пратенички прашања, Горан Мисовски даде 15 минути пауза откако неколку минути пратениците стоеја пред него исклучени од микрофоните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски