(ВИДЕО) Василев: Веруваме во грчкиот правен систем, ќе се жалиме на одлуката за екстрадиција

Од:

Aдвокатот Петар Василев кој ги застапува двајцата обвинети во случајот „Тврдина – Таргет“ пред македонските судови, денеска во Солун по објавената одлука за одобрена екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски потврди дека ќе биде поднесена жалба до грчкиот Врховен суд.

„Веруваме во судскиот и во правниот систем на Република Грција и веруваме и во демократскиот капацитет на судот. Токму поради тоа ние ќе поднесеме жалба до повисоките инстанци и очекуваме тие да пресудат во наша полза. Бидејќи аргументите се на наша страна и со нив тврдиме дека станува збор за политички процес. Тие се невини по кривичниот законик и затоа се надеваме дека одлуката на повисокиот суд ќе биде праведна за нашите клиенти“, рече адвокатот Петар Василев.

Поранешните началници на УБК пред судот претходно побарале да не бидат екстрадирани бидејќи, како што рекле, се плашат за своите животи и сметаат дека во Македонија нема да добијат фер судење. Тие во ноември побараа азил. Освен за екстрадицијата, на Грујевски и Бошкоски во Грција им се суди и за фалсификување пасоши.

Двајцата се обвинети од СЈО за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, а беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта. Нивната намера беше да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена кога СЈО поднесе обвиненија поради незаконско прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов