(ВИДЕО) „Успешна жена, силна Македонија“, трибина на ВМРО-ДПМНЕ за 8 Март

Од:

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ се одржа трибина по повод празникот 8 Mарт, Денот на жената со работен наслов „Успешна Жена, силна Македонија“.

По завршувањето на трибината, Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека денес не смее да заборавиме зошто го одбележуваме 8-ми март, односно борбата за еднаквост на половите. Иако според Мизрахи законите се изменети, жените се уште не се заштитени од половата дискриминација и за жал, денес сеуште немаме целосна еднаквост. Мизрахи посочи дека мора да се промени перцепцијата, а жените треба да ја препознаат својата сила бидејќи само тогаш ќе имаме вистинска еднаквост.

Професорката Виолета Ачковска потенцираше дека жените не се застапени во сите сфери на општествениот живот, квотите докажуваат дека жените се уште се борат за свое место во општеството. Степенот на еманципација на едно општество го одразува степенот на еманципација на жената, нашата жена мора се уште да се бори за своите права, рече  професорката.

Професорката Александра Стоилковска, која ја модерираше трибината, истакна дека заклучоците се дека жената лидер мора да биде фокусирана на промена на менталниот модел за гледиштето на жената. Жената мора да го добие своето место кое го заслужува во општеството, но не врза база на бројки, мора да се промени моделот на размислување, заклучи Стоилковска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

ВМРО-ДПМНЕ: Заедништвото е нашата најголема сила

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски