ВИДЕО: Убиен 22-годишен турски државјанин во Стара чаршија, напаѓачот е во бегство

Од:

Едно лице го загуби животот, а друго се здоби со тешки телесни повреди во инцидент што се случил во скопската Стара чаршија, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што соопшти, жртвата е турски државјанин, а кривичното дело било извршено со остар предмет.

„Имаме едно лице кое е починато и едно лице со тешки телесни повреди. И убиството и тешката телесна повреда се извршени со остар нож. Постојат осомничени лица, но во овој момент не можам да изнесам повеќе детали, бидејќи едно од нив е во бегство“, изјави Тошковски.

Министерот посочи дека во настанот учествувале повеќе лица и дека сите инволвирани биле странски државјани. Истрагата е во тек, а Министерството за внатрешни работи презема интензивни мерки за пронаоѓање на осомниченото лице.

– На 01.01.2026 во 01:11 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект во Стара скопска чаршија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што две лица се здобиле со повреди од остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и со повреди од остар предмет се пронајдени А.М.Д.(22) од Турција, кај кого во 01:30 часот лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, и Ч.Е.(23) од Турција, кој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Покрај овој настан, за време на новогодишната ноќ во Скопје биле регистрирани и седум лица повредени при употреба на пиротехнички средства.

Тошковски информираше и дека во истиот период на подрачјето на главниот град се случиле вкупно 23 сообраќајни несреќи, од кои две завршиле со тешки телесни повреди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Одложено судењето на Вангелица Илијевска, ќе се прави супервештачење на Клиниката за психијатрија за обвинетата Илијевска.

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број прекршоци