ВИДЕО: Уапсен сопственикот на кравите кои прават пустош во Кривопаланечко

Од:

Попладнево е приведен поранешниот сопственик на над 500 крави во Крива Паланка, откако на терен пружал отпор на полицијата и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство кои требало да ги одземат животните.

Ќерката на приведениот објави видео од интервенцијата, на кое се гледа како инспекторите се обидуваат да го реализираат одземањето на добитокот што со месеци предизвикувал штета на локалните жители. При асистенција на полицијата, поранешниот сопственик Ѓорѓиевски се спротивставил, по што бил приведен, а неговите ќерки бурно реагирале на настанот.

По апсењето, тој е префрлен во полициска станица.

– Го приведоа татко ми, а сестра ми заврши во болница. Кравите пак се ослободени и излегува дека цела акција не беше за добитокот, туку само да го уапсат татко ми кој буквално ништо не направи, рече за „Фокус“ косопственичката на стадото крави, Јулијана Ѓоргиевска која се пожали за нехуман третман на животните, односно на изгладнување на кравите од страна ма жителите кои ги врзуваат по своите штали пред да пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Јасно се гледа дека апсат луѓе без никаков прекршок, без инцидент, без отпор и без попречување. Ниту провокација, ниту причина – а сепак се применува сила и лишување од слобода. Ова не е законска постапка. Ова е класичен пример на злоупотреба и прекршување на основните човекови права!“, напиша Ѓоргиевска на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

Откриен убиецот на дедото од Крива Паланка: уапсен 27-годишник, поднесена и пријава

Има доволно вода за пиење во Крива Паланка

Наум Локоски

Санација на градскиот базен во Крива Паланка

Ана Ололовска

Во Крива Паланка се одржа манифестација „Среќна баба Марта“

Наум Локоски