ВИДЕО: Трајковски по рочиштето за ТНТ не можеше да стои, адвокатот го седна на клупа

Од:

Обвинетиот Тони Трајковски под рака со неговиот бранител Јовица Страшевски го напушти судот. Новинарите побараа изјава од него, но наместо Трајковски, бранителот Страшевски кажа дека тој ќе зборува. Адвокатот потенцираше дека здравствените проблеми на Трајковски се од претепувањето. Тој побара медиумите да не го снимаат Трајковски.

„Ова е од самото претепување на Тони, има последици по здравјето, има дијагноза од докторите која не сакам да ја коментирам бидејќи не е благодарно. Препорачуваат мирување, дека не може да учествува на судења, 15 дена“, рече Страшевски.

Трајковски придржувајќи се на столбовите од судската зграда, побара да седне.

„Онде ќе седнам на клупата“, рече Трајковски, по што Страшевски го однесе.

Според бранителот, ова што го виделе медиумите е доказ за лошата состојба на Трајковски.

„Тони гледате во каква состојба е“, искоментира адвокатот и побара да не го снимаат медиумите.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов