ВИДЕО: Трагите од крв пред Клиничкиот центар сведочат за вчерашното убиство кога син уби татко

Од:

Трагите од крв на улицата пред Клиничкиот центар сведочат за вчерашното убиство, кога доцна вечерта, пред полноќ, син со нож го уби својот татко.

Пред куќата во која што се случило убиството денеска беа собрани пријателите и роднините на убиецот и на починатиот, но ниту еден од нив не сакаше да разговара со новинарските екипи. Мотивот за убиството се уште е нејасен, со оглед на тоа што синот се уште е на распит во полициска станица.

Куќата на Д.А.(24) кој со нож му нанел повеќе убодни рани на неговиот татко, С.А. (55) се наоѓа на стотина метри од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Синот убиството го извршил пред очите на неговата мајка и останатите членови на семејството.

Како што објавивме и вчера, таткото во обид да се спаси, тргнал пешки кон клиниката за да побара помош. Тој успеал да ја изоди оваа траекторија и да стигне до влезот на Клиничкиот центар, каде што ја изгубил силата, искрварел и се струполил на земја.

Залудни биле напорите на медицинските екипи кои се обиделе да му пружат помош.

Полициските службеници од СВР Скопје веднаш по пријавата го привеле синот, Д.А., а одземен е и ножот со кој е извршено убиството.

Денеска против него ќе биде поднесена кривична пријава за убиство и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Маж од БиХ е приведен во Антверпен под сомнение дека ја убил својата сопруга во хотел

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

Го претепаа до смрт поради гласини дека јаде говедско месо – владата во Индија го прекинува судењето

А1он

Мостар се простува од убиената Алдина (32)

А1он

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип