(ВИДЕО) Тодор Петров контра самиот себе: Имал или немал потрес на мозок?

Од:

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров и покрај официјалните информации дека немал потрес на мозок, и неговите пишувања на Фејсбук профилот, денеска пред граѓаните го кажа спротивното.

– После физичкиот напад од Изет Меџити и Бекир Асани, останав жив. И покрај потресот на мозок поради ударите, смогнав сили да дојдам денес. Ова што ми се случи мене не посакувам никому да се повтори, најважни се животите и имотите на граѓаните. СМК најостро го осудува вандализмот и демолирањето на градилиштето и сквернавењето на осветените и благословени темели на крстот од протестанти предводени од дел на раководството на ДУИ, рече денеска на протестот Петров.

Тој непосредно по нападот на својот Фејсбук профил напиша дека нема скршеници, ниту пак потрес на мозокот.

„Со прокрварен нос и отечен во лицето од ударите, побарав од шанкерот да повика полиција и брза помош, ми одговори сам да си побарам… Седнав на масата и се јавив за полиција и брза помош. Дојдоа веднаш и ме однесоа во Ургентниот центар. Имав болки во главата и градниот кош од ударите… Ми направија снимки, ренген, скенер, немам скршеници, немам потрес на мозокот. Да, имам болки, ама ќе поминат. Ме задржаа на опсервација со инфузии… Преживеав, ама загрижен сум дека нема само на ова да заврши“, напиша на својот Фејсбук профил Тодор Петров.

Петров фб потрес на мозок

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов