(ВИДЕО) Тензично пред Бит-пазар: се фрла со шишиња кон полицијата која не дозволува пристап до судовите

Од:

Роднините на осудените во случајот „Монструм“ се судрија со полиција пред Бит пазар. Полицајците, распоредени во кордон, не им дозволуваат да продолжат да се движат кон судовите. Во тензична атмосфера, со пцовки и навреди демонстрантите стојат на крстосницата над Пластичарска улица.

Извикуваат „Уа диктатура“, „Уа судии“ и „Ова е монтиран процес“. Дел од демонстрантите почнаа да фрлаат пластични шишиња и запалки кон полицајците, но запреа на знак на еден од организаторите кој побара да се смират.

Говор одржа еден од роднините на обвинетите. Ги повика институциите да го истражат случајот „Монструм“ до крај оти бил политички монтиран.

На протестот се веат албански знамиња и знамиња на САД, а меѓу демонстрантите има и лица со фантомки.

Роднините на осудените излегоа на протест откако на повтореното судење Кривичниот суд изрече три доживотни казни за тероризам, една казна затвор на 15 години и една на 9 за петкратното убиство во 2012 година на Смилковското Езеро. Агим Исмаиловиќ, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири треба да одлежат доживотно, но последните двајца се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани.

За шестиот обвинет, Сами Љума, обвинението беше отфрлено, поради немање докази, а трошоците за неговото судење паѓаат на грб на државниот буџет. До правосилност на пресудата, осудените остануваат во притвор. Адвокатите на обвинетите најавија дека ќе ја обжалат одлуката и дека ќе се повикуваат на пресудата на Врховен суд, со која се ослободени обвинетите.

Во претходното судење петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток. Кај Смилковското Езеро беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и Борче Стефановски.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски